Дома Фудбал Италија Добри вести за Милан, се врати Бакајоко

Добри вести за Милан, се врати Бакајоко

Играчот за врска на Милан, Тиму Бакајоко ги обнови тренинзите и ќе биде на располагање за вечерашниот меч со Порто во Лигата на шампиони.

Бакајоко ова лето се врати во Милан на позајмица од Челзи, но одигра само неколку минути на мечот против Лацио и заработи повреда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


27-годишниот Французин веќе е целосно рехабилитиран и почна да тренира со останатите соиграчи.

Пиоли го повика за денешниот дуел со Порто, но Бакајоко сигурно нема да биде во стартниот состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капело: Не можев да заспијам цела ноќ, ова е најголемата трагедија во историјата на Италија

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, како и повеќето Италијанци, е во шок. Видно …