Дома Фудбал Италија Добри вести за Милан: Конти наскоро се враќа на терените!

Добри вести за Милан: Конти наскоро се враќа на терените!

Десниот бек на Милан и италијанската репрезентација, Андреа Конти наскоро ќе се врати на терените после тешката повреда поради која паузираше цела година.

Конти минатото лето пристигна во Милан од Аталанта за 24 милиони евра како еден од најдобрите десни бекови во Серија А.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, 24-годишниот Италијанец немаше среќа па уште на почетокот на сезоната се здоби со тешка повреда, кинење на вкрстените лигаменти и мораше да паузира подолго време.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Конти набрзо ќе почне да тренира со остатокот од тимот, а се очекува на почетокот на октомври да се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бернардо Силва се сели во Серија А

Бернардо Силва нема да го продолжи договорот со Манчестер Сити кој му истекува следното ле…