Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Добија ли навистина фудбалерите на Саудиска Ролс Ројс за победата против Аргентина?

Добија ли навистина фудбалерите на Саудиска Ролс Ројс за победата против Аргентина?

Саудиска Арабија приреди вистинска сензација победувајќи ја Аргентина во првото коло од Мундијалот во Катар.

Саудијците, ја победија Аргентина оставија добар впечаток, но на крајот не успеаа да ја поминат групата. После победата против Аргентина во јавноста се појави информација дека репрезентативците на Саудиска Арабија ќе бидат наградени со по еден Ролс Ројс, но тоа изгледа не е точно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Првиот човек на фудбалот во Саудиска Арабија, Ал Мисхаел истакна дека тие гласини не биле вистина.

„Не, не, не. Нашите фудбалери играат за гордоста да ја претставуваат нацијата. Имаа чест и среќа да ја преставуваат својата земја на историски натпревар. Гласините не се точни. Секако дека добија бонус, но нормален бонус. Има правилник со кој се одредуваат бонусите. Во секој случај, не играа за бонусот, играат за својата држава. Играа за својата историја. Многу од нив станаа познати откако ја победија Аргентина“.

За разлика од Саудиска Арабија која по победата не стигна далеку, Аргентина вечерва ќе игра полуфинале против Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Томас Тухел откри како Англија ја совлада Србија: Сѐ очекувавме и без изненадувања!

Англија ја декласираше Србија со 5:0 на стадионот „Рајко Митиќ“ пред 40.000 гледачи. По ов…