Дома Топ вести Ди Марцио тврди: Пресврт во ситуацијата со Несторовски!

Ди Марцио тврди: Пресврт во ситуацијата со Несторовски!

Неколку дена наназад се тврди дека македонскиот напаѓач, Илија Несторовски ќе потпише договор со тимот на Тернана дури се огласи и претседателот на овој клуб кој јавно истакна дека сакаат да го доведат Нестор.

Сепак, сега познатиот Џанлука Ди Марцио тврди дека има пресврт во ситуацијата со прилепчанецот. Наводно, Козенца која исто така се натпреварува во Серија Б сега е прв фаворит да го доведе.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Наводно Несторовски и Козенца се многу блиску до официјализирање на соработката, а Несторовски ќе добие фиксна плата од 200.000 евра со можни бонуси во зависност од резултатите на клубот.

Претходно Несторовски се поврзуваше и со неговиот поранешен клуб Палермо, но таа опција брзо отпадна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…