Жозе Мурињо ќе ја напушти Рома на крајот од сезоната, така тврди познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио.
Мурињо во 2021 година потпиша тригодишен договор со Рома и на крајот од сезоната ќе биде слободен, а според информациите на Ди Марцио договорот нема да му биде продолжен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Жозе нема да има нов договор. Нема преговори, а немаше ниту претходно. Поради тоа ќе се разделат по истекот на договорот“, објави Ди Марцио.
Самиот Мурињо потврди дека летово имал богати понуди од Саудиска Арабија, но сепак одлучи да остане во Рома.
„Кога Мурињо ќе биде слободен саудиските клубови сигурно ќе се вратат и ќе се обидат да го доведат“, додаде Ди Марцио.
Мурињо досега во кариерата оствари 59 победи на 119 натпревари, минатата сезона играше финале во Лигата на Европа, а сезоната претходно ја освои Конференциската лига.