Дома Трансфер зона Ди Марцио објави детали од вчерашните преговори помеѓу Барселона и Јувентус

Ди Марцио објави детали од вчерашните преговори помеѓу Барселона и Јувентус

Mиралем Пјаниќ никогаш не бил поблиску до заминување од Јувентус, го потврдуваат тоа и последните информации од Италија кои ги објави Џанлука Ди Марцио.

Вчерашниот ден бил многу позитивен на релација Јувентус – Барселона и преговорите течат во насока во која сакаат и двата клуба. Како што сега стојат работите, Пјаниќ оди во Барселона, а Артур Мело доаѓа во Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот помеѓу клубовите е постигнат како што тврди Ди Марцио. Пјаниќ е проценет на 60 милиони евра, а Барселона Артур на 75.

Разликата е надополнета така што Јувентус ќе додаде 10 милиони евра и плус преку бонуси. Планот е се да забиде завршено до 30 јуни кога е одреден крајниот датум за конечен договор.

Ова можеби ќе беше и порано завршено, меѓутоа Артур претходно одбиваше да ја напушти Барселона, меѓутоа сега работите се промениле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…