Аргентинскиот фудбалер и денес член на ПСЖ, Анхел Ди Марија откри дека Реал Мадрид барал од него да не игра во финалето на Мундијалот во 2014 година.
Ди Марија заработил мала повреда против Белгија во четвртфиналето и во Реал не сакале ништо да ризикуваат затоа што работеле на негова продажба. Тој добил и официјално псимо, меѓутоа веднаш го искинал и не размислувал дали ќе игра или не. Ди Марија бил решен да стисне заби и да истрча на теренот, но на крајот селекторот се решил за друг играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Против Белгија во четвртфиналето се повредив, но сакав да играм. Тоа беше финале на Светското првенство и сакав да играм, дури и тоа да ми биде последен натпревар. Реал ми нареди да не играм. Сакаа да ме продадат и на големо се пишуваше дека го договориле Хамес Родригез. За ова знаеа само тројца, јас докторот на репрезентација и Сабеља“.
„Го искинав писмото, разговарав со селекторот и со солзи во очите му кажав дека не сум 100% подготвен, но дека ќе дадам се од себе да помогнам. На крајот тој одлучува и мисли за доброто на тимот и се одлучи место мене да игра Енцо Перез“, откри Ди Марија.
Тоа лето Реал го продаде Ди Марија на Манчестер Јунајтед за сума од скоро 60 милиони евра.