Дома Фудбал Останато Ди Марија: Меси е од друга планета, би сакал да играме заедно

Ди Марија: Меси е од друга планета, би сакал да играме заедно

Аргентинската ѕвезда на Пари Сент Жермен, Анхел ди Марија изјави дека многу би се радувал ако неговиот сонардоник Лео Меси му се придружи во францускиот клуб.

Ди Марија изјави дека често разговара со Меси и заклучи дека најважно за него е да биде среќен.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Од се што сум видел во кариерата, мислам дека Лео е од друга планета… Да го имам за соиграч би било прекрасно. Но тој е се уште во Барселона, има договор до лето, после тоа ќе видиме. Зборувам многу со него и му кажувам дека најважно е да биде среќен тој и неговото семејство“, изјави Ди Марија.

Меси се уште не донел конелна одлука околу својата иднина, а ПСЖ е еден од главните фаворити за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Златната топка“ низ бројки – мораше да биде Дембеле!

Некои можеби ќе тврдат дека Ламин Јамал е играч со поголем талент, дека е поспособен да на…