Аргентинскиот фудбалер, Анхел Ди Марија, нема дилеми кога во прашање е неговата иднина, тој сака да остане во францускиот клуб.
Ди Марија ова лето често пати се поврзуваше со заминување од клубот, најчесто се пишуваше за негов трансфер во италијански Интер за сума од 50 милиони евра, но Аргентинецот сега откри која е неговата желба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали ќе останам во Париз? Јас не се сомневам во тоа. Сакам да остам во ПСЖ. Но, не знам што клубот мисли на таа тема. Сакам да истакнам дека моето семејство се чуствува убаво во Париз и дека јас сум среќен тука“, истакна Ди Марија.
Интер долго време се распрашуваше за Ди Марија, но шпекулациите за неговиот трансфер ги прекина директорот на Интер, Валтер Сабатини, кој изјави дека не е сигурен дали Ди Марија би се вклопил во тимот на „нероаѕурите“.
Значи, желбата на Ди Марија да остане во ПСЖ не се доведува во прашање, но се поставува прашањето какви се плановите на клубот. Ди Марија има договор со ПСЖ до 30 јуни 2019 година.
Аргентинецот во Париз пристигна во август 2015 година од Манчестер Јунајтед, за сума од 63 милиони евра.