Дома Фудбал Останато Директорот на Сити: За да го освоите првенството треба да сте најдобар, за ЛШ ви треба среќа

Директорот на Сити: За да го освоите првенството треба да сте најдобар, за ЛШ ви треба среќа

И во изминатата сезона Манчестер Сити остана без трофеј во Лигата на шампионите, триумфот во Премиер лигата е утеха за тимот на Пеп Гвардиола.

Извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Соријано во последната изјава за медиумите зборуваше дека Реал Мадрид со многу среќа ја освоил Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За нас е најважно првенството. Првенството го освојува тој што бил најдобар во текот на сезоната. Трофејот во ЛШ секако дека е нешто што го посакуваме, но овој турнир е поврзан е со среќата и затоа не сме опседнати со него“.

„Луѓето многу зборуваат за успехот на Реал Мадрид во последните сезона, но мислам дека нема да претераме ако кажеме дека тие имаа многу среќа. Заслужија да изгубат уште против Челзи, а потоа и со ПСЖ и Ливерпул, меѓутоа среќата беше на нивна страна“, изјави Соријано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како ќе се справи Ливерпул без Исак и Салах?

Aрне Слот оваа сезона се соочува со низа предизвици, започнувајќи од низата порази од деве…