Спортскиот директор на Барселона, Михаел Зорц ги прокоментира проблемите кои Барселона ги има со нивниот поранешен играч Осман Дембеле.
Французинот на „Ноу Камп“ пристигна од Дортмунд минатото лето за 115 милиони евра, но за повеќе од една година во Барселона скоро и ништо да не покажа. Во првиот дел од сезоната беше повреден, но одигра солиден втор дел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку пати доцнеше на тренинзите, па се појавија проблемите со стомаките, но на крајот во јавноста излезе дека до доцна во вечерта играл видео игри со пријателите, па задоцнил на тренингот утрото.
„Сега игра во еден од најголемите светски клубпви, но и понатаму има проблеми со дисциплината. Полесно ми е кога ќе го видам тоа бидејќи очигледно е дека проблемот не бил во Борусија и нашиот начин на Работа“, изјави директорот на „милионерите“.
Дембеле за Барселона одигра 42 натпревари, постигна 12 голови и запиша 13 асистенции.