Дома Топ вести Директорот на Баерн пристигна во Торино по Де Лихт

Директорот на Баерн пристигна во Торино по Де Лихт

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ денес пристигна во Торино на финални преговори со Јувентус за трансфер на Матијас де Лихт.

Салихамиџиќ попладнево пристигна со приватен лет и веднаш беше пречекан од претставници на италијанскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ќе видиме“, одговори тој на прашањето дали е блиску договорот со Јувентус.

Де Лихт веќе има договор со Баерн Минхен за 5-годишна соработка и на „Алијанц Арена“ годишно ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Баерн е спремен да плати 75 милиони евра за неговиот потпис, додека Јувентус во моментив бара 90 милиони евра.

Меѓутоа, двата клуба влегуваат во финална фаза на преговорите и се очекува наскоро да најдат заеднички јазик за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…