Дома Македонски спорт Мак фудбал Динамо на спектакуларен начин се збогува со Адеми: Не мислев дека ќе дојде овој ден

Динамо на спектакуларен начин се збогува со Адеми: Не мислев дека ќе дојде овој ден

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми имаше спектакуларно збогување од Динамо Загреб, каде денес го одигра последниот меч.

„Бед блу бојс“ денеска со специјална кореографија му се заблагодарија на капитенот на Динамо Аријан Адеми за 13-те сезони поминати на Максимир. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Адеми во Динамо одигра 373 натпревари и е втор со најмногу настапи за Динамо и рекордер по трофеи и европски настапи, а кариерата ќе ја продолжи во Пекинг.

На овој меч Динамо ја победи Ријека со 1:0, а стрелец беше другуир македонски репрезентативец Стефан Ристовски.

„Не мислев дека ќе дојде овој ден, мислев дека ќе ја завршам кариерата во Динамо. Се уште не сум свесен за се, имав голема трема на овој натпревар. Со Динамо не освоив европска титула и тоа ми е желба која остана неостварена“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…