Интер вчера со 2:0 го совлада Фросиноне и го симна Јувентус од врвот во Серија А, а овој натпревар беше обележан со спектакуларниот гол на Федерико Димарко.
Домаќините во првото полувреме имаа брз против напад и двајца фудбалери на „нероаѕурите“ чекаа топка во прзна, но Димарко место тоа го изненади голманот од 50-тина метри.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Новинарите по натпреварот го прашаа дали голот бил на среќа или имал намера да шутира.
„Прво погледнав каде Дамфрис, но тогаш забележав дека голманот е излезен и за среќа погодив, ако погрешев веројтно ќе добиев навреди и свирежи од трибините. Дефинитивно ова е еден од најдобрите голови кои сум ги постигнал во кариерата“, изјави Димарко.