Дома Фудбал Дик Адвокат има нова работа

Дик Адвокат има нова работа

Екипата на Фејнорд во продолжение на сезоната ќе ја води искусниот холандски тренер Дик Адвокат, соопштија од клубот.

Во новата сезона Фејнорд не игра најдобро, а одговорноста за лошите резултати ги презема поранешниот дефанзивен фудбалер Јап Стам кој во меѓувреме доби и наследник.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што и официјално е потврдено, тоа ќе биде 72-годишниот Дик Адвокат, за кој ова е прв ангажман откако замина од Утрехт на крајот од минатата сезона.

„Кога тренер како Адвокат е слободен и спремен да помогне, не мора многу да размислувате.“ – изјави директорот на Фејнорд, Труст.

Низ богатата кариера Адвокат веќе имаше Прилика да го води Фејнорд, а помеѓу останатите ги предводеше уште ПСВ, Фенербахче, Борусија Менхенгладбах, Глазгов Ренџерс, Зенит…Исто така, беше селектор на репрезентациите на Србија и Холандија.

Адвокат со Фејнорд потпиша договор до крајот на актуелната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит снимка: Погледнете како Гетафе ја славеше победата над Реал (Видео)

Гетафе успеа да приреди големо изненадување со својата победа против Реал Мадрид од 1:0 во…