Дома Фудбал Диего Симеоне спремен да изгради нов Атлетико Мадрид

Диего Симеоне спремен да изгради нов Атлетико Мадрид

Диего Симеоне ќе остане во Атлетико Мадрид и покрај големите промени и е спремен да изгради „нов“ тим.

49-годишниот Аргентинец е полн со ентузијазам и е спремен да изгради нов тим кој ќе биде конкурентен да се бори за највисоки цели.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ја сакам мојата работа. Сметам дека мојот карактер е ист како на клубот. Со секоја помината година станува се потешко, но можеме да генерираме ентузијазам. Следната сезона ќе има нови фудбалери, јас сум спремен да изградам темели за нови успеси“, изјави Симеоне.

Атлетико веќе го продаде Лукас Ернандез на Баерн за 80 милиони евра, Антоан Гризман објави дека го напушта клубот, а уште неколку важни фудбалери ќе си заминат.

Како слободни играчи заминуваат Диего Годин, Хуанфран и Филипе Луиз, па јасно е дека ова лето ќе следува реконструкција на тимот на „јорганџиите“.

Неизвесна е иднината и на Родри кој е мета на Манчестер Сити, а и на Диего Коста најверојатно ќе му биде отворена излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …