Диего Коста, поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, кариерата ќе ја продолжи во Бразил.
Се уште не е официјално, но според пишувањата на релевантни медиуми ширум светот, Коста го избрал Палмеирас, кој неодамна настапи на Светското клупско првенство во Катар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот кој игра за шпанското знаме ќе потпише двегодишен договор и ќе добива два милиони евра по сезона, со што ќе стане најплатениот фудбалер во Бразил.
За Диего ова ќе биде прво искуство во Јужна Америка откако неговата кариера започна во португалскиот фудбал.
Дефинитивно ќе има вистински предизвик бидејќи Палмеирас ќе ја брани титулата освоена во Рио де Женеиро против Сантос.