Дома Фудбал Англија Диего Коста: Сакам само во Атлетико, Челзи ме третира како криминалец!

Диего Коста: Сакам само во Атлетико, Челзи ме третира како криминалец!

Диего Коста е надвор од тимот на Челзи бидејќи не е во плановите на тренерот Антонио Конте, меѓутоа сеуште е член на „сините“.

Бразилецот со шпански пасош во интервју за „Дејли мејл“ изјави дека Челзи го третира како криминалец и поради тоа бара од клубот да го ослободи. Притоа потврди дека сака да се пресели во Атлетико Мадрид и никаде на друго место.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Чекам да ми дозволат да си заминам. Не сакав да си одам, бев среќен, но кога тренерот не ве сака во тимот тогаш мора да си одите. Во јануари требаше да потпишам нов договор, но тоа не се случи и претпоставувам дека тоа е одлука на тренерот“, изјави Коста.

„Сега ме третираат како криминалец. Не ми дозволуваат да тренирам со остатокот од тимот. Не ми дозволуваат дури да влегувам во соблекувалната. Ме казнуваат така што не ми ја исплаќаат платата, но мене парите не ме интересираат, сакам само што побрзо да ме пуштат да заминам“, додаде напаѓачот.

Коста вели дека негова единствена желба е да се врати во Мадрид, во тимот на Атлетико, и поради тоа ги одбил сите други понуди.

„Сакам до крајот на месецот Челзи да постигне договор со Атлетико. Ги одбив сите други понуди. Сакаа да ме продадат во Кина, но моја желба е да играм за клуб што јас ќе го одберам, а не во клуб што ќе понуди најмногу пари“, заклучи Диего Коста

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе биде суспендиран за првите два натпревари од Светското првенство? (Видео)

Кристијано Роналдо доби прв црвен картон во својата репрезентативна кариера долга 226 натп…