Натурализираниот Шпанец скоро половина година не игра сериозен фудбал.
Коста на почетокот на годината го напушти Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Шпанија на неславен начин го заврши вториот мандат во Атлетико Мадрид. Крајот на втората полусезона го помина надвор од фудбалот, но во Европа и понатаму е баран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалските медиуми пренесуваат дека Бенфика е заинтересирана за ефикасниот стрелец. Во својата 32 година Коста би можел да инкасира и одлична сума, се шпекулира дека португалскиот тим ќе му понуди 3.5 милиони евра по сезона.
Во текот на зимата Коста беше на чекор да премине во Палмеирас, но се откажа од тој трансфер.