Дома Трансфер зона Диего Коста: Не можам вечно да го чекам Атлетико

Диего Коста: Не можам вечно да го чекам Атлетико

kosta

Сагата околу Диего Коста продолжува, напаѓачот е „избришан“ од тимот на Конте и инистира да се врати во Атлетико Мадрид.

Диего Коста моментално е во Бразил, не тренира со остатокот од тимот на Челзи и чека трансфер во Атлетико Мадрид.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Меѓутоа, „јорганџиите“ не можат да се договорат со Челзи околку обештетувањето, па напаѓачот испрати јасна порака до двата клуба.

„Челзи ме понуди на неколку клубови, но јас сум јасен. Им реков дека ако веќе не сум во нивните планови, сакам јас да го бирам клубот каде што ќе играм, а не оној кој нуди најмногу пари за мене“.

„Јас сакам да се вратам во Атлетико, но доколку Челзи и Атлетико не постигнат договор јас не можам вечно да чекам. Сега е ред Атлетико да направи економски напор и да ме купи. Агентот ми кажа дека Челзи бара многу пари и дека Атлетико не е спремен да ја плати таа сума“, изјави Коста.

„Не можам да се вратам во Челзи затоа што таму не сум потребен. Јас не ја предизвикав оваа ситуација, туку клубот. Се надевам дека ќе ги намалат барањата и ќе се постигне договор“, заклучи напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…