Дома Фудбал Диего Коста мора да оди на операција!?

Диего Коста мора да оди на операција!?

Атлетико Мадрид во утрешниот меч против Монако во Лигата на шампиони ќе биде ослабен, бидејќи Симеоне не може да смета на неколку повредени фудбалери.

Во моментов надвор од тимот се Годин, Диего Коста и Хуанфран, но најмногу загрижува повредата на напаѓачот. Имено, Диего Коста има сериозни проблеми со стапалото откако се повреди на еден од тренинзите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бразилецот со шпански пасош не доволно опоравен играше во дербито против Барселона, па ситуацијата додатно се влошила.

Шпанските медиуми пренесуваат дека сега Диего Коста мора да оди на операција, но се уште лекарскиот тим не донел конечна одлука.

Доколку биде приморан да оди на операција, напаѓачот ќе отсуствува од терените најмалку 2-3 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На Јунајте не му оди, Аморим не се откажува: Сакате нова филозофијаа? Доведете нов тренер!

Португалскиот тренер не е подготвен да се откаже од своите идеи, и покрај тоа што на почет…