Дома Фудбал Италија Диего Годин и официјално има нов клуб!

Диего Годин и официјално има нов клуб!

Диего Годин после девет години ја промени клубската средина.

Она што практично се чекаше неколку месеци се потврди утрово. Годин кариерата ќе ја продолжи во Интер и ќе претставува прво засилување во ерата на Антонио Конте.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Искусниот Уругваец изминатите девет години беше член на Атлетико Мадрид, а на Џузепе Меаца стигнува како слободен играч.

Овој 33-годишен дефанзивец со Нероаѕурите потпиша договор на две години и сигурно ќе претставува огромно засилување за миланскиот клуб.

Според неофицијалните информации уругвајскиот стопер ќе биде помеѓу најплатените играчи на Интер и ќе има плата од скоро 7 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал, Ливерпул или Манчестер Сити? Гуеи се одлучи за кој великан ќе потпише

На сите им е познато дека Марк Гуеи беше многу блиску до преселба во Ливерпул, но целата р…