Пауло Дибала и раководството на Јувентус се договорија за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дибала долго време се поврзуваше со заминување од Торино, но остана и минатата сезона беше еден од најдобрите поединци.
Јувентус и Дибала, наводно постигнале договор со кој Аргентинецот би се обврзал на верност со „старата дама“ до 2025 година.
Аргентинецот моментално заработува 7 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе добива 11 милиони евра годишно и ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А.
Се очекува во наредните денови двете страни и официјално да го потврдат новиот договор.