Италијанските медиуми пренесуваат дека Пауло Дибала одлучил кариерата да ја продолжи во Интер.
Како што е познато Дибала го напушта Јувентус на крајот на сезоната како слободен агент, откако двете страни одлучија да ги прекинат преговорите за продолжување на договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако имаше неколку понуди, Дибала сепак се одлучил да се пресели во директниот ривал и е блиску до договор со Интер.
Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ја искористил ситуацијата и започнал преговори со агентот на Дибала.
Аргентинецот му дал предност на Интер бидејќи сака да остане во Италија, а „нероаѕурите“ понудиле 6 милиони евра по сезона плус бонуси.
#Inter have prepared a contract of €6M plus ‘substantial’ bonuses for Paulo Dybala. Dybala felt wanted by #Inter, everything is ready for the transfer.
— Inter Xtra (@Inter_Xtra) May 3, 2022
[@Gazzetta_it via @marifcinter]