Дома Топ вести Дибала блиску до договор со Интер

Дибала блиску до договор со Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до договор со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, па односите помеѓу двете страни се нарушија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Газета дело Сппорт“ пренесува дека директорот Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ја искористил ситуацијата и започнал преговори со агентот на Дибала.

Двете страни се блиску до договор и Дибала ја прифатил понудата за 5-годишен договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.

Интер сака да го донесе Дибала без обештетување, а да го продаде Лаутаро Мартинез за 70 милиони евра и така да ги финансира другите летни трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…