Дома Трансфер зона Де Јонг: Среќен сум во Барселона, ова е најголемиот клуб во светот

Де Јонг: Среќен сум во Барселона, ова е најголемиот клуб во светот

Манчестер Јунајтед во изминатиот период се поврзуваше со Френки Де Јонг, но како што стојат работите изгледа дека нема да стигнат до потписот на Холанѓанецот.

Ерик Тен Хаг одлично ги познава квалитетите на Де Јонг и сакаше да соработува со него на „Олд Трафорд“, меѓутоа сега од Де Јонг стигна порака дека тој е среќен во Барселона, затоа што за него тоа е најголемиот клуб во светот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ми годи кога гледам дека други екипи покажуваат интерес за мене, но јас играм во најголемиот клуб во светот. Одлично се чувствувам тука и нема новости на таа тема“, изјави Де Јонг.

Се шпекулираше дека Барселона сака да го продаде Де Јонг поради финансиската ситуација, а како ќе се одвиваат работите ќе видиме во текот на летото. Манчестер Јунајтед се уште не го довел првото засилување за ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…