Дома Трансфер зона Де Јонг намерно ја провоцира управата на Барселона?

Де Јонг намерно ја провоцира управата на Барселона?

Френки Де Јонг се уште не ја напуштил Барселона иако цело лето се поврзува со Манчестер Јунајтед.

Уште на крајот на минатата сезона се појавија шпекулации дека Де Јонг ќе замине од Барселона и ќе се пресели во Јунајтед, сепак до реализација на овој трансфер се уште не дошло.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Медиумите тврдеа и дека има договор помеѓу Барселона и Јунајтед пред неколку недели, меѓутоа потоа наводно Холанѓанецот одбил да се пресели на „Олд Трафорд“. Шпанците сега пишуваат дека иднината на Де Јонг во Барселона и понатаму не е сигурна.

Барселона мора да продаде некој од првотимците за да го регистрира Кунде, а Де Јонг изгледа како логичен избор откако одби да ја намали платата и направи дополнителен проблем.

Шпекулациите околу иднината на Де Јонг се зголемија поради неговите активности на социјалните мрежи. Имено, играчот на Барселона се најде во центарот на вниманието откако вчера на Инстаграм „лајкна“ објава во која се најавува пристигнувањето на Касемиро во Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…