Селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини во разговор за италијанските медиуми откри дека жали за еден пропаднат трансфер од времето додека го предводел Манчестер Сити.
Манчини го водеше Манчестер Сити во периодот од 2009 до 2013 година, а во тоа време доведе неколку големи имиња на европскиот фудбал како што се Един Џеко, Марио Балотели, Серхио Агуеро…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа имал и неостварени желби, а сега откри дека една таква е Даниеле Де Роси. Италијанецот откри дека практично се било договорено со Де Роси и дека фудбалерот се откажал во последен момент.
„Една ноќ во Рим долго разговаравме. Се беше договорено, но тој се повлече во последен момент. Ме побара и ми кажа: Не можам да поминам со тоа. Бев повреден и лут. Беше тоа одамна, додека Даниеле беше на средина од кариерата. Тој ќе уживаше. Очекував да биде еден од моите клучни фудбалери“, изјави Манчини.
Манчини пред неколку денови беше во центарот на вниманието со изјавата за Роналдо и неговиот настап во Лигата на шампионите за Јувентус.
„Роналдо оваа сезона во Лигата на шампионите не е на нивото од претходните, но тој секогаш може да направи нешто големо. Во Серија А му оди добро, па според мене има солидна сезона“, изјави неодамна Манчини.