Дома Фудбал Италија Де Роси донесе одлука – Нема да ја напушти Волчицата

Де Роси донесе одлука – Нема да ја напушти Волчицата

Капитенот на Рома, Даниеле Де Роси че одигра уште најмалку една сезона во својата кариера.

Иако признава дека пред почетокот на оваа сезона размислувал да се повлече по нејзиното завршување, Де Роси во последното интервју порача дека тоа повеќе не е опција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Задоволен сум како поминаа претходните две сезони и кога погледнам наназад, тоа ме прави среќен. Прво реков дека можеби е време да се пензионирам, но повеќе не размислувам околу тоа.“ – рече Де Роси.

Искусниот италијанец, кој ова лето ќе го прослави 35. роденден додаде дека во одлуката да продолжи да игра му помогнал и тренерот Ди Франческо.

Даниеле Де Росо оваа сезона одигра 22 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола, од кои еден на Барселона во тој култен натпревар на Олимпико (3:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голман Иранец ја критикуваше власта: му се губи секоја трага од апсењето

Од 24 февруари оваа година никој не знае ништо за поранешниот голман на фудбалската репрез…