Meдиумите во Италија шпекулираат дека Матијас Де Лихт сака да го напушти Јувентус и да се пресели во Барселона.
Во летото 2019 година Барселона беше еден од клубовите што се бореше за потписот на Де Лихт, но на крајот младиот стопер го избра Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во медиумите се пишува дека во Торино работите не се одвивале како што сакал Де Лихт. Де Лихт тогаш имаше можност заедно со Френки Де Јонг со кого беше близок во Ајакс да се пресели во Барселона.
Наводно, од денешната гледна точка Де Лихт би го направил тој избор, меѓутоа сега Барселона е во финансиски проблеми и тешко дека може да дојде до реализација на ваков трансфер.