Дома Фудбал Италија Де Лихт надвор од терените три месеци

Де Лихт надвор од терените три месеци

Стоперот на Јувентус Матијас Де Лихт ќе биде надвор од теренот три месеци.

Де Лихт го оперираше рамото после последниот натпревар на Јувентус во сезоната и сега го чека долга пауза.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Холанѓанецот последните шест месеци играше со повредено рамо и тоа навивачите на „старата дама“ го ценеа. Операцијата Де Лихт одлучи да ја направи по завршувањето на сезона.

За Јувентус сезоната заврши неславно со испаѓањето од Лион во осминафиналето од ЛШ што секако е катастрофа во споредба со очекувањата кои ги имаше клубот.

Веднаш после тој натпревар беше отпуштен и тренерот Маурицио Сари, а на негово место за нов тренер Јувентус го назначи Андреа Пирло. Новата сезона во Италија ќе започне кон средината на септември, па Де Лихт ќе ги пропушти првите 5-6 кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тео Ернандез нема да оди на подготовки со Милан, познат новиот клуб

Тео Ернандез е на чекор да се приклучи на Ал-Хилал откако шест години ги помина на Сан Сир…