Дома Фудбал Лига на шампиони Де Лихт: Бевме толку блиску до среќен крај, но не ни било судено

Де Лихт: Бевме толку блиску до среќен крај, но не ни било судено

Вчера Тотенхем направи голем пресврт и со победата од 2:3 се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

Никој не очекуваше дека Ајакс може да биде елиминиран кога на полувремето Холанѓаните имаа предност од 2:0, но Англичаните успеаа да постигнат три гола во второто полувреме и да направат комплетен пресврт.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Матијас Де Лихт постигна гол за водство на Ајакс во петтата минута од натпреварот. После натпреварот како и целиот тим на Ајакс и кај Де Лихт владееше големо разочарување.

„Финалето беше наш сон и се изгледаше како една убава бајка. Не замислуваме ваков крај, бевме толку блиску до среќен крај и пласман во финалето. Сепак, не ни било судено. Никој друг не е виновен, ние сме виновни. Си дозволивме да примиме три гола за едно полувреме“, изјави Де Лихт.

https://youtu.be/qqlVPJzC3nY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шефот на Ла Лига: Барселона не ја крева тензијата, тоа го прави само Реал – и тоа е многу опасно!

Вербалниот конфликт меѓу фудбалските гиганти Реал Мадрид и Барселона околу судењето во Ла …