Дома Фудбал Англија Де Геа успеа да влезе во историјата на Манчестер Јунајтед

Де Геа успеа да влезе во историјата на Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа во неделната победа над Евертон успеа да ја сочува мрежата нечепната, со што го запиша јубиларниот 100. натпревар без примен гол за „Црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед успеа да слави со 4:0, а Де Геа уште еднаш беше ненадминлив и така успеа да се запише во историјата на клубот од „Олд Трафорд“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Шпанскиот чувар на мрежата 80 натпревари без примен гол успеа да запише во Премиер лигата, 10 во ЛШ, пет во Лига Купот, четири во ФА Купот и еден во Лигата на Европа.

Давид Де Геа во Манчестер Јунајтед пристигна во 2011. година од Атлетико Мадрид за 25 милиони евра, а во последните шест години е стандарден член во составот и еден од најдобрите играчи на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дембеле најдобар фудбалер за 2025 година

Напаѓачот на Франција и ПСЖ, Усман Дембеле, е прогласен за најдобар играч на светот за 202…