Дома Фудбал Репрезентации Де Геа го изгуби статусот во репрезентацијата на Шпанија

Де Геа го изгуби статусот во репрезентацијата на Шпанија

Првиот голман на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа го изгуби престижниот статус во репрезентацијата на Шпанија.

Според информациите Де Геа повеќе нема да биде прв избор на селекторот на Шпанија. Де Геа прва опција на голот на Шпанија беше уште од заминувањето на Висенте Дел Боске, но со доаѓањрто на новиот селектор, Роберто Морено работите ќе се променат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Новиот селектор на Шпанија во последните три натпревари на репрезентацијата за прв голман го избираше чуварот на мрежата на Челзи, Кепа Аризабалага.

„Мои голмани се Де Геа, Кепа и Пау Лопез. Сакам кога има здрава конкуренција. Кепа не е пред Де Геа, не е ниту пред пред Пау. Сакам на Европското првенство да одиме со три голамни кои се спремни да се натпреваруваат. Сите тројца се на високо ниво и постојат мали разлики помеѓу нив“, изјави новиот селектор на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Интер веќе си направи план за млад дефанзивец за следното лето

Иако летниот трансфер прозорец заврши неодамна, во Интер веќе одлучиле кој дефанзивец сака…