Ѕвездата на Манчестер Сити и белгиски репрезентативец, Кевин де Брујн ја отфрли можноста да се пресели во Реал Мадрид.
За разлика од Един Азар кој јавно флерутува со „кралевите“, неговиот пријател Де Брујн, не сака трансфер во редовите на шпанскиот гигант Реал Мадрид, објави „Дон Балон“.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Офанзивниот играч за врска потврди дека е целосно задоволен од неговиот статус во Манчестер Сити и додаде дека не размислува за никаква промена на клупската средина.
Де Брујн минатата сезона беше најдобар играч во Премиер лигата, а оваа сезона поради повреди одигра само 13 меча до сега.