Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот доколку пристигне богата понуда.
Де Брујне влезе во последната година од договорот, а се уште не ставил потпис на нов договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во интервју за ХЛН Де Брујне зборуваше за потенцијално заминување и не криеше дека голема понуда ќе го натера да размисли за трансфер.
„Дали ќе останам во Сити? Тоа е опција… Имам прочитано многу наслови за трансфер во Саудиска Арабија, но јас не сум разговарал за тоа со никого. Ако добијам добра понуда, тогаш се е можно, но јас никогаш не сум кажал дека сакам да заминам. Имам повеќе од доволно пари. Но, ако ми понудат некоја апсурдна сума, тогаш ќе морам да размислувам и за моето семејство, за роднините, внуците, правнуците, па и за моите пријатели“, изјави Де Брујне.