Дома Фудбал Италија Деј Пјеро го менува Ањели на чело на Јувентус

Деј Пјеро го менува Ањели на чело на Јувентус

Легендарниот Алесандро дел Пјеро е еден од кандидатите за наследник на претседателот на Јувентус, Андеа Ањели.

Ањели беше еден од основачите на Суперлигата, па се најде на удар на навивачите, а медиумите тврдат дека ќе биде сменет на крајот на сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Проектот на Суперлигата се сруши за 48 часа, па сега позицијата на Ањели виси во воздух.

Ањели, наводно, нема намера да поднесе оставка во Јувентус, но акционерите предводени од Џон Елкан би можеле да го отпуштат за време на состанокот на 27 мај.

Како прв кандидат за негов наследник се споменува Алесандро дел Пјеро, кој е жива легенда на клубот од Торино и каде ја помина целата своја кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…