Дома Останати Тенис Дејвис Куп: Македонија ја победи Молдавија за промоција во Третата зона!

Дејвис Куп: Македонија ја победи Молдавија за промоција во Третата зона!

Тениската репрезентација на Македонија денес во одлучувачкиот натпревар во групата Б од Четвртата зона во Дејвис купот победи против лидерот во групата Молдавија.

Ние одлично започнавме и ги добивме двата натпревари во сингл, па нашите тенисери го предадоа мечот во двојки кој немаше резултатско значење.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Калин Ивановски со два пати со по 6:1 беше подобар од Андреи Горбан, за Горзад Србљак да биде поубедлив и со 6:1 и 6:0 да го добие Максим Казак.

Во двојки за Македонија настапија Обрад Марковски и Стефан Мицов. Тие го добија првиот сет, но потоа се предадоа и беа поразени од Казак и Горбан.

Така ние завршуваме како второпласирани со ист број на бодови како Молдавија, а тоа значи дека во следното издание на Дејвис Купот ќе се натпреваруваме во Третата зона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Федерер не успеа повторно: Ѓоковиќ уште еднаш ја одби понудата на Швајцарецот„

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одби поканата на Роџер Федерер да учествува на “Лејвер к…