Еден од најголемите кандидати за тренер на Црвена Звезда би можел да биде Дејан Станковиќ.
Доколку дојде до раскинување на соработката меѓу српскиот шампион и Владан Милојевиќ, српските медиуми пишуваат дека Станковиќ би можел да стане сериозен кандидат за тренер на Звезда.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
До крајот на неделава ќе се знае што ќе се случи со Милојевиќ, а поранешниот играч на Интер со нетрпение го чека развојот на ситуацијата.
Поранешниот капитен на српската репрезентација планира да започне сериозна тренерска кариера. Тој беше асистент во Удинезе пред четири години и поседува про лиценца.
Тој играше за Црвена Звезда од 1994 до 1998 година, по што замина во Италија каде играше за Лацио и Интер.