Дома Фудбал Останато Дешам за Кошчиелни: Тажен сум, Мундијалот требаше да биде голем момент во неговата кариера

Дешам за Кошчиелни: Тажен сум, Мундијалот требаше да биде голем момент во неговата кариера

Фудбалерите на Арсенал не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата Европа откако беа поразени на гостински терен од Атлетико Мадрид со 1:0, на оваа средба тешка повреда заработи и Лоран Кошчиелни.

Натпреварот за Арсенал не можеше да започне полошо бидејќи уште во седмата минута се повреди Кошчиелни кој во солзи и на носилки го напушти теренот. Беше јасно дека станува збор за тешка повреда која му се случи во најлош можен момент.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Кошчиелни има 32 години и веднаш сфати дека се работи за повреда поради која може да го пропушти Светското првенство во Русија, подоцна лошите вести беа и потврдени.

Сега по повод повредата на Кошчиелни за медиумите зборуваше селекторот на Франција, Дидие Дешам.

„Ова е голем удар за франускиот тим. Повредите никогаш не можат да дојдат во добар момент, но ова е навистина да заплачеш. Тажен сум што Лоран нема да игра на Светското првенство. За него тоа требаше да биде голем момент во кариерата“, изјави Дешам.

Тагата на Кошчиелни може да се разбере бидејќи кога ќе се одржува наредниот Мундијал веќе би имал 36 години…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oбјавините првите резултати од истрагата за смртта на Жота, се укажува на една причина

“) Шпанската цивилна гарда објави дека истрагата за несреќата во која загинаа напаѓа…