Првата дама на Франција, Брижит Макрон заедно со селекторот на Франција, Дидие Дешам беше во посета на децата кои се лекуваат во Универзитетската болница во Ремс.
Во текот на посетата таа разговараше со Дешам, а во еден момент се отвори и фудбалска тема. Имено, селекторот се пожали дека во Ремс нема фудбалер кој би можел да игра во репрезентацијата и тука следуваше гаф од првата дама на Франција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Има еден фудбалер кој игра многу добро, мислам дека е Јапонец. Зошто не го повикате?“, запраша Брижит.
Ова прашање измами насмевка кај Дешам кој и даде експресен одговор:
„Па, затоа што е Јапонец“, одговори селекторот.
Во прашање беше фудбалерот Јунџи Ито кој за селекцијата на Јапонија веќе собра 53 настапи.
Brigitte Macron suggère à Didier Deschamps de sélectionner Junya Ito en Équipe de France ! 😭🇫🇷
— Actu Ligue 1 (@ActuL1_) January 23, 2024
BM : "Il y a un Japonais qui joue très bien à Reims… Comment s'appelle t'il déjà ?"
Journaliste de @champagnefm : "Junya Ito"
BM : "Oui, Ito c'est ça ! Il est très bon. Il faut le… pic.twitter.com/iDGQJ8J90b