Дома Фудбал Репрезентации „Л’Eкип“ открива детали за хаосот во Франција: Дешам еден час се обидувал да замени повреден играч

„Л’Eкип“ открива детали за хаосот во Франција: Дешам еден час се обидувал да замени повреден играч

Пристигнаа на Европското првенство како светски шампиони и фаворити за освојување на првенството, но настапот го завршија уште во првата нокаут фаза.

Бламажата во пенал серијата серијата против Швајцарија која дојде откако на десет минути пред крајот имаа два гола предност изгледа беше резултат на лошите односи меѓу играчите, ароганцијата, безобразлукот на дел од играчите, како и немањето доволен авторитет на селекторот…Еден од најдобрите докази дека нешто не е во ред е однесувањето на Кингсли Коман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилиниот напаѓач Дешам го внесе на полувремето при водство на Швајцарија од 1:0, место очајниот стопер Клемент Ленгле. Меѓутоа Коман набрзо после почетокот на второто полувреме го повреди мускулот на десната нога. Дешам тоа го забележа и му покажуваше да излезе од игра, иако влезе само неколку минути подоцна. Коман тоа го одби, а имаше и расправија со селекторот, тоа можеше и да се забележи.

Додека Дешам и Коман се расправаа, помина второто полувреме во кое Франција направи пресврт и водеше со 3:1, а потоа во последните десет минути и дозволи на Швајцарија да дојде до 3:3.

„Дешам неуспешно се обидуваше да замени повреден играч и на паузата измеѓу првото и второто полувреме“; пишува, „Л’Eкип“ и открива дека при последната пауза Дешам викал на Коман: Но, коман, ти нема да играш повеќе!“.

Меѓутоа Коман и после тоа остана во игра, излезе дури во 111 минута. Французите пишуваат дека убедувањето ппомеѓу него и Дешам траело еден час. Л’Eкип наведува дека Коман одбивал да излезе од две причини. Првата е што сакал да се ослбооди од имиџот на „вечно повреден“, а втората лутината што Дешам место него во стартниот состав му даде предност на Толисо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…