Дома Фудбал Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дешам го објави списокот на Франција за ЕП 2024, во него неколку изненадувања

Дидиер Дешам изненади со списокот на играчи за ЕП. Во него има двајца големи повратници и неколку повредени играчи, но забележливо е отсуството на голем број младинци и асови во нивниот подем.

Левото крило на Реал, Ферланд Менди и играчот од средниот ред на Ал Итихад, Н’Голо Канте (33) се вратија. Еден од хероите за освојување на светската титула во 2018 година не играше за националниот тим цели две години.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Францускиот тренер ги повика Аурелиен Чуамени, Мајк Маињан и Кингсли Коман, иако дефанзивецот на Реал, голманот на Милан и крилниот напаѓач на Баерн се повредени.

Сепак, навивачите на Франција, како и Фабрицио Романо, забележаа дека Дешам не повика голем број на големи млади играчи со одлични сезони зад себе: Мајкл Олисе, Мало Густо, Мо Симакан, Аксел Дисаси, Матео Гендузи, Жан-Филип Матета, Муса Дијаби…

Франција е еден од најголемите фаворити за освојување на ЕП. Во група е со Холандија, Полска и Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…