Дома Фудбал Дефанзивец кој играл против двајцата: Мбапе е потешко да се чува од Меси

Дефанзивец кој играл против двајцата: Мбапе е потешко да се чува од Меси

Централниот бек на Лион, Марсело вели дека многу било потешко да го чува Килијан Мбапе отколку Лео Меси.

Неговиот Лион оваа сезона се сретна и со ПСЖ и со Барселона, па така Марсело имаше прилика да ги чува Мбапе и Меси, но вели дека многу потешка задача имал против напаѓачот на ПСЖ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Фудбалерите против кои сум играч во последно време се навистина во топ форма. Играв против Мбапе оваа сезона и имав доста работа. Меси не играше добро во вторникот, но Мбапе беше, поради брзината, позиционирањето и се останато. Тој беше најтешкиот противник кој го имав.“ – изјави дефанзивецот на Лион и додаде:

„Мислам дека постои голема можност наскоро да биде најдобриот на светот. Има некои работи на кои мора да поработи да биде како Меси или роналдо, но напредува неверојатно брзо.“

Инаку, Мбапе во текот на оваа сезона одигра вкупно 30 натпревари во сите натпреварувања и запиша 25 погодоци и 14 асистенции. За момче од 20 години ова е неверојатна статистика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој ќе биде наследникот на Салах? Ливерпул има тројца на маса и буџет од 140.000.000 евра!

Ливерпул е подготвен да инвестира до 140 милиони евра во потрага по наследникот на Мохамед…