Денес од 13:00 часот се играат натпреварите од 14. коло во македонската прва лига, а дербито е во Тетово каде што Македонија Ѓорче Петров ќе гостува кај Шкендија.
Шкендија, Македонија Ѓ.П и Шкупи се екипите кои бидат во трка за есенски шампион на Македонија во последните пет кола. Денешното дерби има голема важност затоа што Шкендија со евентуална победа би била на плус четири во однос на Македонија Ѓ.П. Клубот од Тетово иако има најголем буџет, меѓутоа Шкупи и Македонија играат одлично до сега.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во овој натпревар Шкендија влегува со не така добра форма. Во пет натпревар Шкендија има само една победа против Ренова (1:3). Во останатите четири забележа три нерешени (Работнички, Шкупи, Струга) и пораз од Силекс на пенали во купот.
Од друга страна гостите од Ѓорче играат одлично. На последните шест натпревари овој тим има пет победи и едно реми. Ремито беше во последниот натпревар за викендот кога со Шкупи одиграа 0:0. Славеа против: Каменица Саса (куп), Академија Пандев, Силекс, Работнички и Беласица (куп).
Формата значи е на страната на гостите, меѓутоа треба да се спомене дека Македонија Ѓ.П победа во Тетово против Шкендија нема уште од 2006 година.
ПОСЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ
Македонија Ѓ.П – Шкендија 0:1
Македонија Ѓ.П – Шкендија 1:1
Шкендија – Македонија Ѓ.П 4:1
Македонија Ѓ.П – Шкендија 0:0
Шкендија – Македонија Ѓ.П 1:1
ПМФЛ 14. КОЛО
Академија Пандев – Ренова
Борец – Струга Трим Лум
Работнички – Пелистер
Шкупи – Беласица
Силекс – Вардар