Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Дерби на денот: Ќе се загинат ли „петлите“ меѓу „лалињата“?

Дерби на денот: Ќе се загинат ли „петлите“ меѓу „лалињата“?

Европското првенство е во полн ек, а денес се игра дербито во Групата Д помеѓу селекциите на Холандија и Франција.

После стартните победи во првото коло двете селекции растеретени ќе влезат во дербито и ова е дуел за првото место во групата, па двете репрезентации ќе одат на победа.

Холандија има нов херој


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Холанѓаните со многу проблеми пристигнаа на Европско првенство бидејќи остана без најдобрите двајца поединци во средниот ред. Имено, „лалињата“ се без Де Јонг и Копмајнерс, но сепак во првиот меч не изгледаа лошо на средината на теренот, каде се виде дека имаат квалитет и диригентската палка ја презема Рејндерс. Во одбраната се исто така солидни, но проблем е веројатно нападот каде што немаат класичен голгетер. Гакпо, Депај и Симонс влегуваат во шанси, но немаат добра реализација, па херој беше Вегхорс, кој постигна гол веднаш откако влезе во игра.Полска сепак е одлична селекција, па победата во првото коло сепак е одличен сигнал. Сега играат против еден од најсилните тимови во Европа и тоа ќе биде одличен тест. Трите бода во првиот меч им даваат слобода на „лалињата“ да играат растеретено, а тоа е предуслов за возбудлив меч.

Франција може и без Мбапе

Франција потешко од очекувањата победи во првиот меч против Австрија со 1:0, но сепак впечатокот е дека заслужено стигнаа до трите бода. Ова оваа селекција навикнати сме да гледаме поубедливи партии со оглед на квалитетот кој го имаат. Мбапе во првиот меч не се покажа во најдобро светло, а во финишот заработи и скршеница на носот. Следниот ден веднаш беше опериран и започна со тренинзи, па на следните натпревари ќе игра со маска. Меѓутоа, медиумите најавуваат дека Дешамп на овој меч ќе го чува на клупата за резерви поради можност од компликации со повредата. Сепак, Франција има многу широк состав и сигурно дека може да стигне до победа и без Мбапе. Има и одлична традиција против Холандија, па така на последните пет меѓусебни натпревари запиша дури четири победи.

Веројатни состави:

Холандија: Вербрутен, Дамфрис, Ван Дајк, Де Врај, Аке, Рејндерс, Схаутен, Ферман, Гакпо, Симонс, Депај.

Франција: Мењан, Кунде, Салиба, Упамекано, Тео Хернандес, Канте, Рабио, Гризман, Турам, Дембеле, Жиру.

Очекување

Дерби помеѓу две исклучително силни селекции кои играат отворен фудбал, па очекуваме голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…