Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дерби на денот: Прв сериозен испит за Англичаните

Дерби на денот: Прв сериозен испит за Англичаните

Денес на програмата на Светското првенство има четири натпревари, а секако најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу Англија и САД, кој се игра во вечерниот термин.

Во овој натпревар од Групата Б Англија влегува со три освоени бода и за нив овој дуел ќе значи обезбедување на пласман во нокаут фазата. Од друга страна САД има само еден бод и ќе сака да освои најмалку бод против фаворитот за да ги задржи шансите за пласман во следната фаза.

Англија покажа дека е спремна за големи нешта


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Репрезентацијата на Англија со години настапува со логото „Фудбалот се враќа дома“, но никако да триумфира на големо натпреварување. Многумина се надеваат дека токму оваа година може да биде таа, а играта во првиот меч против Иран додатно ја поткрена самодовербата. Гордиот Албион победи со 6:2 во првиот меч, но селекторот Саутгејт со право на беше задоволен од играта во одбраната и примените два гола. Англија е апсолутен фаворит во оваа група и сигурно ќе сака да заврши како првопласирана, но во нокаут фазата ќе мора да ја поправи играта во одбрана. Единствено што претставува проблем е што Хари Кејн има мала повреда на скочниот зглоб и нема да биде 100% спремен. Англиските медиуми пренесуваат дека Саутгејт воошто нема да го менува составот во однос на Иран, единствено може да го одмори Хари Мегваер. Интересно е што Англичаните до сега два пати играле против Америка на Мундијалите и не знаат за триумф, еднаш загубија и еднаш ремизираа. Со оглед на квалитетот и формата се чини дека сега конечно е време за прва победа против САД.

Може ли САД до пласман во нокаут фазата?

Американците покажуваат дека во оваа земја се повеќе се вложува во фудбал, па вистинско чудо е што протов Велс не успеаа да постигнат повеќе голови да победат. САД имаат одлична млада генерација предводена од Пулишиќ, Мекени, Аронсон и Веа, па сигурно целта е пласман во групната фаза на овој Мундијал. Се очекува оваа генерација да го достигне пикот на следното Светско првенство кога ќе играат дома, но сега треба да покажат дека се зрели да остават трага и да престанат да играат само епизодна улога. Американците во овој меч немаат што да загубат, свесни се дека Англија е фаворит, па сигурно нема да влезат со голема доза на респект и ќе бараат позитивен резултат. Знаат дека дури и ако загубат ќе бараат три бода во последното коло против Иран. Проблем може да биде отсуството на Мекени, кој првиот меч го заврши предвреме поради повреда.

Очекување

Англија е фаворит и го има еден од најдорите напади на Мундијалот, но САД покажа дека знае да се заканува преку контранапади. Поради тоа очекуваме возбудлив меч со многу голови.

Веројатни состави:

Англија: Пикфорд, Лук Шоу, Мегваер, Стоунс, Трипие, Маунт, Рајс, Белингам, Стерлинг, Сака, Кејн.

САД: Турнер, Дест, Цимерман, Реам, Робинсон, Аронсон, Адамс, Акоста, Веа, Саргент, Пулишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…