Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Може ли Милан да направи „чудо“?

Дерби на денот: Може ли Милан да направи „чудо“?

Денес ќе биде познат првиот финалист во Лигата на шампиони и сите очи ќе бидат вперени во Милано, каде Интер и Милан ќе се борат за билет за Истанбул.

Интер има голема предност од првиот дуел кој го доби со 2:0, каде доминално беше гостин. Сепак, Милан нема лесно да се откаже, иако според тоа што го видовме во првиот меч шансите за „росонерите“ се минимални.

Интер тешко ќе ја прокоцка предноста


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Интер многу полесно од очекувањата славеше во првиот меч и веќе после десет минути игра имаше предност од 2:0. Тимот на Инзаги беше супериорен во секој поглем и можеше да постигне повеќе голови, иако и вака има солидна предност. Интер беше во најтешката група заедно со Баерн Минхен и Барселона, па кога успеа да се пласира во нокаут фазата тоа му даде голема самодоверба на тимот. За волја на вистината ждребот ги посака „нероаѕурите“ и во четвртфиналето и полуфиналето имаа противник по мерка, Порто односно Бенфика. Тимот на Инзаги се мачеше против португалските тимови, но тогаш Интер имаше проблеми во играта и резултатите. Сега ја кренаја формата кога беше најпотребно и тимот влезе во серија на одлични резултати. Во Серија А моментално се искачи на 3-то место и е блиску до остварување на целта, односно пласман во Топ 4. Сепак, сонот на „нероаѕурите“ е пласман во финалето во Истанбул, а тој сон изгледа многу блиску. Инзаги има искусен тим и знае како да игра во вакви ситуации, па тешко дека ќе прокоцка предност од два гола на домашен терен.

Меч на сезоната за Милан

Милан минатата сезона ја освои шампионската титула во Серија А, па целта за оваа сезона беше да направи исчекор во Лигата на шампиони. Сепак, малкумина веруваа дека „росонерите“ можат да се борат за финале. Тие беа аутсајдер и против Тотенхем и против Наполи, но сепак покажаа дека имаат квалитет и заслужено се до полуфиналето. Во првенството Милан се бори за пласман во Топ 4 и оваа сезона главно има проблеми против малите тимови, што покажаа дуелите против Кремоезе и Специја, па сега „росонерите“ имаат само теоретски шанси за Топ 4. Поради тоа овој меч за Милан е натпревар со кој евентуално можат да ја спасат сезоната. Во првиот дуел не личеа на себе и сега ќе имаат 90 минити да се поправат, но потребно им е „чудо“ за да се пласираат во финале. Добра вест е што во тимот се враќа Рафаел Леао, кој ќе биде во стартниот состав. Португалецот многу недостасуваше во првиот меч, а неговото отсуство делуваше психолошки на тимот.

Очекување

Очекуваме натпревар богат со голови. Милан нема што да загуби и ќе тргне на победа од самиот старт, а тоа за тим како Интер кој знае да игра на контранапади може да биде одлична можност.

Можни состави:

Интер: Онана, Дамфрис, Дармијан, Ачерби, Бастони, Де Марко, Брозовиќ, Чалханоглу, Барела, Лаутаро Мартинез, Џеко.

Милан: Мењан, Калабрија, Чао, Томори, Тео Хернандес, Круниќ, Тонали, Салемакерс, Брахим Дијаз, Леао, Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…