Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Дерби на денот: Модриќ и дружината ја тестираат подмладената Шпанија

Дерби на денот: Модриќ и дружината ја тестираат подмладената Шпанија

Денес во фокусот секако се натпреварите од Европското првенство, а дербито се игра во Берлин помеѓу репрезентациите на Шпанија и Хрватска.

Ова е дуел помеѓу две репрезентации кои ќе целат за највисок пласман на ЕУРО и едно од најголемите дербија во групната фаза.

Колку може подмладената Шпанија?


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Шпанија секогаш на големите натпреваруваа доаѓа со големи амбиции, меѓутоа мора да се признае дека оваа селекција не блеска во послдно време. Секако примарна цел овој пат ќе биде пласман во нокаут фазата бидејќи Шпанија се наоѓа во „групата на смрта“, каде покрај Хрватска се наоѓа уште и актуелниот европски шампион Италија. Новиот селектор Де Ла Фуерте полека го консолидира тимот, квалификациите не почнаа најдобро, но на крајот завршија како пропласирани во групата. Се чини дека најважен играч во оваа селекција е Родри и целата игра зависи од него, иако има и многу талентирани фудбалери како Пери Јамал… Со оглед на квалитетот на групата секој бод е важен, па целта секако ќе биде да се избегне пораз во првиот натпревар, а императив се трите бода.

Хрватска блеска на големите натпреварувања

„Коцкетите“ имаат исклучително квалитетна репрезентација, па иако направија подмладување и реконструкција на селекцијата, сепак тоа не се примети многу. Имаат континуитет на големите натпреварувања каде играат најдобро. На претходните две светски првенства стигнаа до завршницата, па со право доаѓаат со големи амбиции на ова Европско првенство. Со години наназад репрезентацијата ја води Златко Делиќ, кој врши одлична работа и има голема хармонија во тимот. Секако, најважен играч во репрезентацијата е Лука Модриќ, за кого ова е последното големо натпреварување, но се уште игра на врвно ниво. Хрватска немаше среќа во ждребот и ја доби најсиланата група, па затоа примарна цел ќе биде нокаут фазата, а потоа се е можно.

Веројатни состави:

Шпанија: Симон, Карвахал,Норман, Фернандес, Грималдо, Мерино, Родри, Педри, Јамал, Мората, Нико Вилијамс.

Хрватска: Ливаковиќ, Станишиќ, Шутало, Понгранчиќ, Гвардиол, Модриќ, Брозовиќ, Ковачиќ, Мајер, Будимир, Крамариќ.

Очекување

Дуел на две исклучително квалитетни репрезентации кои играат отворен фудбал и сакаат да се надигруваат, па поради тоа веруавме дека ќе има голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

УЕФА отвори постапка и против Србија: Еве што се истражува

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот со…