Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Лацио – Интер, само за една екипа има место во Лигата на Шампиони

Дерби на денот: Лацио – Интер, само за една екипа има место во Лигата на Шампиони

Ова е натпревар на викендот и тоа не само во Италија, туку и воопшто во Европа. Во прашање е слава, милионски суми и сично, па јасно е дека двете екипи ќе фрлат се на една карта. Лацио д аго задржи четвртото место на табелата, а Интер да го преземе. Токму тоа четврто место ќе однесе една од овие две екипи во Лигата на Шампиони следната сезона.

Кои се опциите на Лацио и Интер ?

Интер има само една опција, мора да победи за да го скокне Лацио на табелата и да го освои четвртото место. Бодовната разлика е три бода во полза на Лацио. Но со ист број на бодови Интер би имал предност, поради подобриот меѓусебен дуел. На Лацио пак му одговара и победа, но и реми. Затоа тие се во предност, но дефинитивно овој тим ќе има проблем да го задржи Икарди. Проблем ќе има и Интер, но само ако Имобиле игра за Лацио.

Битка за титулата најдобар стрелец во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој меч воедно ќе биде и битка помеѓу двајцата најдобри стрелци сезонава во Серија А. Имобиле досега има постигнато 29 гола, а Икарди еден гол помалку. Затоа освен битка за Лига на Шампиони, ова ќе биде и битка во трката за најдобар голгетер во Италија. Сепак Имобиле се соочува со повреда и мали се шансите да настапи на овој меч. Тој ги пропушти предходните два натпревари за Лацио, а иако Инзаги најавува дека лекарскиот тим ќе се обиде да го оспособи за настап, шансите за такво нешто се многу мали. Дури и доколку настапи, тој ќе игра под инекции и нема да може да одигра со 100% од своите можности. Од друга страна Икарди се наоќа во одлична форма и на последните 5 меча постигна 4 гола.

Ќе паѓаат голови

Лацио сезонава го има најдобриот напад во лигата со неверојатни 87 постигнати гола. Но сега изгледаат уморно, а тоа се докажа и на предходните неколку натпревари. Тие можат да бидат доста ранливи во одбраната. Но Интер може да биде уште поранлив, особено кога игра под притисок. Тоа најдобро се виде на предходниот меч кога Интер загуби дома од Сасуоло со 1:2. Ова според нас е доволно за ние да веруваме дека на овој меч ќе паѓаат доста голови.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…